Скопје

ВИДЕО: Со огномети од сите страни, дочекана Новата година во Скопје

Македонија со огномети и пиротехника ја дочека Новата 2021 година. Поради мерките за заштита од коронавирус, за првпат не се организираа прослави по угостителски објекти. Затоа, пречекот за 2021 година се организираше во домашна атмосфера. Улиците низ сите градови во државата се скоро празни, освен одредени плоштади каде жителите шетаа пред дочекот.

Наместо него, огномети имаше од приватни објекти, кои го осветлија градот над главниот град точно на полноќ. Иако забранети за употреба, сепак, во текот на целата вечер се слушаа пукања од петарди.

Годинава, поради коронавирусот, немаше ниту журки организирани на јавни места од страна на градовите.

На почеток