Македонија

Првото новороденче во 2021 е машко

Првото бебе во 2021 година се роди на Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство во Скопје во 00.01 часот.
Бебето е од машки пол, тешко е 3 килограми и 650грама и е долго 51 сантиметар.

Мајката на бебето е Бојана Смилеска од Скопје и тоа е нејзино второ дете.

Првата посета на првороденото ќе ја оствари министерот за здравство Доц.Др.Венко Филипче во просториите на ЈЗУ У ГАК. Посетата ќе биде извршена во 10.00 часот, по што министерот заедно со директорката на клиниката пред објектот на клиниката ќе дадат изјава.

На почеток