Свет

Трагедија во БиХ, осум млади лица се угушиле со плин во текот на новогодишната ноќ

Осум млади лица се угушиле со плин на новогодишната ноќ, во близина на Пошсушје во Босна и Херцеговина.

Од полицијата потврдуваат дека загинале осум млади лица. Несреќата се случила во местото Трибистово.

Порталот на Федералната телевизија објавува дека во викендичката имало 10 лица и дека две преживеале, но дека се во тешка состојба.

Увидот е во тек.

Неофицијално младите лица се угушиле од агрегаатот кој ја напојувал куќата со електрична енергија, објави Индекс.

На почеток