Македонија

Забрана за градба би направиле буџетска дупка од 2 милиони евра

Доколку градот Охрид ја прифати препораката за мораториум на градба во Охрид тоа ќе предизвика стопирање на издавањето дозволи за градба и на годишно ниво ќе создаде дупка од околу 120 милиони денари или околу 2 милиони евра.

Оваа финансиска дупка би предизвикала сериозни проблеми во функционирањето на општината и би ја довело до финансиски колапс.

Дополнителни штети ќе настанат и со тоа што голем дел од градежните компании во Охрид во тој случај би прекинале со работа, а работниците би останале на улица.

Општина Охрид ги подготвува одговорите на драфт верзијата од извештајот на УНЕСКО кој треба да се испрати најдоцна до 15 јануари годинава.

УНЕСКО во драфт верзијата испратена до Охрид и државата изнесува серија забелешки заради кои Охрид може да се најде на листата на загрозено културно и историско наследство.

На почеток