Актуелно

Георгиески: Состојбата на сите критични локации во Општина Охрид, каде што постои опасност од излевање на вода е стабилна

Состојбата на сите критични локации во Општина Охрид, каде што постои опасност од излевање на вода е стабилна. И покрај обилните врнежи од дожд кои во текот на изминатите денови го зафатија Охридскиот регион, нивото на реките и каналите засега е нормално и до сега не е детектиран ниту еден проблем со излевање на вода од канализациониот систем, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.

Градоначалникот во објавата додаде:

Екипите на Јавните претпријатија денеска направија увид на сите критични места и интервенирано е само на еден потег на улица „Железничка“, каде што дел од куќите се на пониско ниво и самото тоа придонесува за поплавување на одредени локации.

На почеток