Македонија

Шахпаска: Законот за пензионирање е блокиран од опозицијата со 400 до 500 амандмани

Министерката за труд и социјална политика, Јагода Шахпаска, истакна дека Законот за пензионирање до 62, односно 64 години е стигнат до второ читање во Собранието.

„Блокиран е од опозицијата со 400 до 500 амандмани и расправата е доведена до амандманска расправа. Ги повикувам пратениците да најдат решение, затоа што нашите сознанија се дека сите амандмани се исти за преместување на рокот за важење на законот, појаснува Шахпаска.

 

На почеток