Јелдз Веапоска од Дебар, медицинска сестра од итната помош, преживува вистинска голгота откако се породила во болницата во Струга со царски рез, но од операцијата излегла без матка, бубрег и без еден јајчник. За оваа состојба во која се наоѓа, таа бара Лекарската комора на Македонија да му ја одземе лиценцата на директорот на струшката болница и гинеколог што ја оперирал, д-р Мухамед Асани, објави slobodenpecat.mk.
Доктор Асани, пак, вчера за „Слободен печат“ изјави дека операцијата ја извршил совесно. Случајот стигна и до Лекарската комора на Македонија, откако Министерството за здравство наложи оттаму да спроведат стручен надзор.
Сѐ почнало на 27 август минатата година кога Веапоска се породила и на свет донела женско бебе.
Сопругот дошол да ја земе, а таа не можејќи да стои на нозе, ги замолила сестрите да ѝ помогнат да го подготви бебето за заминување.
– Дојде да ме зема маж ми, сестрите ми рекоа да си го спремам бебето, а јас не можев да стојам на нозе. Ми велат, зошто глумиш. Во тој момент се покажа дека не глумам, затоа што паднав во шок, се тресев цела, пискав, плачев. Му се јавив на сопругот, барај доктор, му реков, јас умирам. Му рекле на сопругот дека ништо не ми било, тоа ми било од колкот. Откако паднав во шок, ме ставија во сала, ми извадија матка, бубрег, јајчник и ме пратија речиси умрена во Скопје. Не знаев ништо, подоцна разбрав на приватен преглед во „Систина“ дека имам еден јајчник. Можете да замислите каква бев – раскажува вознемирената Веапоска за „Слободен печат“.
Текстот во целост на: slobodenpecat.mk.