Парламентот го донесе новиот Закон за безбедност на сообраќајот на патиштата. Според овој закон полицијата доколу затекне технички неисправно може веднаш да ги извади табличките на возилото и да го отстрани од сообраќај. Ваквите возила полицијата може да ги задржи и до 90 дена.
На социјалната мрежа Фејзбук се појави видео како полицијата одзема неригистрирано возило на -15 степени во Битола. На самото видео може да се види и слушне вербална расправија помеѓу полицијата и сопственикот на возилото.
”Камионите ми ги зедовте колата ми ја земате а дома ќе ми умрат прасињата за јадење, еве ви ги клучевите и со здравје да си ја возите се слуша на самото видео”