Актуелно

ВМРО ДПМНЕ: СДСМ Ѓорче Петров да престане да плаче дека некој им се заканува, да се фатат за работа

Ја разбираме нервозата на советниците на СДСМ во Ѓорче Петров, таа не доаѓа поради измислените закани поради кои плачат во јавноста, туку поради тоа што народот не ги сака затоа што СДСМ во Ѓорче Петров го има најнеспособниот градоначалник во Скопје а и пошироко, се вели во Соопштение  од ВМРО ДПМНЕ, кое е е реакција на изјавата на Влатко Цветковски.

Во продолжение на реакцијата се додава:

СДСМ Ѓорче Петров да престане да плаче дека некој им се заканува, и да се фати за работа зошто освен криминал, неработа и шверцерско носење на дупови за богатење Наумовски ништо нема реализирано од ветеното.
Градоначалникот Наумовски треба да се плаши од народот кој ќе го казни и од одговорноста со која ќе се соочи.

фото: Архива

На почеток