Македонија

Јовески за „Јавна соба“: Профилот е на платформа со седиште во странска држава, немаме законска можност да наредиме, укинеме, забраниме нејзино функционирање

Републичкиот јавен обвинител Љубомир Јовески, во интервју за „Дојче Веле“ зборуваше за случајот „Монструм“. Тој рече дека сторителите се обвинети врз основа на цврсти и неспорни докази.

„Пред се би сакал да кажам дека е погрешна перцепцијата во јавноста дека пресудата е укината само поради евентуално постоење на прислушувани разговори. По жалбата на обвинетите, Врховниот суд утврди дека вистинитоста на решавачките факти се доведува под сериозно сомневање и укажа дека при повторната постапка потребно е да се изврши реконструкција на настанот и од аспект на исказот на загрозениот сведок, дека на одбраната не и е овозможен увид во возилото со што е повреден принципот на еднаквост на оружјето, но и на други околности од утврдената фактичка состојба.“, вели Јовески.

Јовески за „Дојче Веле“ зборуваше и за случајот „Јавна Соба“.

„Јавна соба” е профил отворен на платформата Телеграм, со седиште во странска држава. Оттука, немаме законска можност да наредиме, укинеме, забраниме нејзино функционирање, ниту пак да наредиме за гонење на сторителите да ни ги дадат доказите. Според тоа, во вакви случаи преземањето на определени дејствија бара подолг временски период, но и подготвеност за соработка на странските правосудни органи. Истовремено, би сакал да напомнам дека има потреба од измени и дополнување на Кривичниот законик во овој поглед, односно потребно е законодавството да го следи современиот развој, но и развивање на соработката со надлежните странски органи. “, рече Јовески.

На почеток