Свет

Во моментов во свтот има повеќе вакцинирани од заразени со КОВИД 19

Бројот на луѓе вакцинирани против Ковид-19 на глобално ниво го надмина вкупниот број на сите случаи на заболувањето во светот, пренесува ТАСС.

Според официјалните податоци и извештаите во медиумите, ТАСС наведе дека најмалку 105,1 милион луѓе биле вакцинирани ширум светот, додека вкупно биле заразени околу 103,9 милиони луѓе.

Најголем број вакцинирани има во САД (33,7 милиони), потоа во Велика Британија (10,2 милиони) и Израел (5,05 милиони).

фото: Архива

 

На почеток