Македонија

(ВИДЕО) Апасиев до Димитров – Ти си Амерички шпион!

Пратеникот и претседател на „Левица“, Димитар Апасиев,  денеска од собраниската говорница упати навреди кон вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров.

„Дојде денот да се соочиме со вицепремиерот кој што бега од Собранието како ѓавол од темјан. Моите односи со дотичниот се одвратни. Во Библијата пишува дека по делата ќе ги препознаете оние кои што сакате да ги оценувате.

Мојата прва средба со Димитров беше на Правниот факултет кога јас бев демонстратор. Тогаш Димитров рече: ‘Уставното име е последниот столб на државноста, а доколку се смени ќе се премине линијата на достоинството’. Потоа се случи аферата Никиликис кога станува заштитен извор на депешеата на Рикер кон САД. Односно дека тој ги издавал случувањата на САД, дека нема конзенсуз меѓу Црвенковски и Груевски за името, и практично бил американски шпион“, изјави Апасиев.

По ова вицепремиерот Димитров истакна:

-За нашата татковина, за нашата Македонија многу Македонци и Македонки оделе во затвор и јас сум спремен таа цена да ја платам за македонската кауза. Некои оделе во затвор, а некои ги пикале во затвор, ама размислете тоа вас во која категорија ве става и какво место си резервирате во македонската историја. Вие сте професор по право, меѓутоа тоа не значи дека не грешите кога велите дека Преспанскиот договор е потпишан надвор и од членот на Уставот што го регулира тоа прашање и надвор од Законот за склучување и ратификација на меѓународните договори. Во праксата некаде помалку од 1%, чинам помалку и од пола проценти 0,5 од вкупните меѓународни договори во име на Републиката ги има потпишано шефот на државата, претседателот на Републиката. Во првата интерпелација во глава ми беа тие бројки, можам да одам назад по стенограмот и да ги најдам, помалку од 0,5%. Членот 2 од Уставот вели дека и Владата во името на Републиката може да склучува меѓународни договори, а во членот 3 ги набројува кога тоа Владата може да го направи, споменувајќи едно чудо области кои што се присутни и регулирани во билатералниот договор, Преспанскиот договор“, изјави Димитров.

фото: PRTSC

На почеток