Канадскиот актер и воен ветеран Кристофер Пламер почина на 91 година. Неговото семејство изјави дека тој починал во неговиот дом во Конектикат. Својата филмска кариера Пламер ја започна во 1958 година со „Stage Struck“.
Тој доби Оскар во 2012 година за филмот „Почетници“, а беше номиниран и за „Последната станица“ во 2010 година и „Сите пари во светот“ во 2018 година.
Добитник е на неколку „Тони“ награди за неговите театарски остварувања, а за постарата генерација засекогаш ќе остане капетанот Фон Трап од мјузиклот „Мои песни, мои сни“.
фото: Patch