Скопје

(ФОТО) Клинички во хаос: Нема место каде да помине Брза Помош, а ниту решение

Паркирани возила, едно до друго, дел заглавени на среде улица, а помеѓу по некое возило за итна помош кое не може да помине и да го донесе пациентот до клиниката. Ова е секојдневната слика на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“ во Скопје, каде граѓаните како прв проблем гледаат да го решат паркирањето, а дури потоа причината зошто се дојдени таму. Редици од возила ја блокираат и улицата „Водњанска“ кои чекаат ред за влез, а најдебелиот крај го влечат докторите и пациентите кои носат итен случај до одредена клиника. Се случувало непристапноста до болницата да се плати со човечки живот.

Сеуште нема лек за долгогодишниот проблем на посетителите во скопските клиники. Додека стигнат до лекарот за закажаниот преглед или пак за прием во болница, прво мора да се намачат за да најдат паркинг во сообраќајниот хаос. Гужвите, нервозите и расправиите се секојдневна слика во најголемиот здравствен комплекс во државата.

Сепак, неизвесно останува која ќе биде локацијата на новиот Клинички центар и како би функционирале клиниките физички одвоени една од друга, особено кога ќе бидат потребни конзилијарни прегледи. Ова особено важи за Детската клиника кога често се потребни дополнителни прегледи од хирурзи за тешки хоспитализирани пациенти или пак дополнителни консултации со интернисти.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток