Македонија

Фрчкоски избран за амбасадор на Македонија во САД, се чека одговор од САД

Поранешниот министер за внатрешни и за надворешни работи Љубомир Фрчковски е новиот избор на Владата за амбасадор на Македонија во Вашингтон. Како што  дознава „Независен“, процедурата за обезбедување агреман е почната и се чека одговор од САД.

Македонија нема амбасадор во Вашингтон повеќе од три години, откако измина мандатот на последниот амбасадор Васко Наумовски.

фото: Архива

На почеток