Македонија

„А1ОН“: Милошоски бил казнет парично во Германија за “добивање придобивки со измама”

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Антонијо Милошоски пред 17 години во Германија бил осуден и казнет на 20 дневни глоби со парична казна од 20 евра за делата “добивање придобивки со измама” и “кражба и злоупотреба од мала вредност”. Ова го покажува документот напишан на германски јазик кој го објави порталот А1-он во кој стои дека Основниот суд во Ахен во 2004-та година донел пресуда дека Милошоски сторил дело, кое во тамошниот правен систем е заведено како “добивање придобивки”.

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ и денеска повтори дека станува збор за дезинформации пласирани од власта со цел да се дефокусира јавноста од критиките кои доаѓаат од опозицијата.

Порталот вчера пишуваше дека пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ бил осуден за фалсификување на исправи, една година пред да стане министер за надворешни работи. Повикувајќи се на документи велат дека за делата кои Милошоски наводно ги сторил, добил парични казни, иако за истите Кривичниот законик во Германија предвидувал и повисока казна затвор.

Текстот во целост на:  А1-он

На почеток