Поранешниот министер за внатрешни и за надворешни работи Љубомир Фрчковски е новиот избор на Владата за амбасадор на Македонија во Вашингтон. Како што дознава „Независен“, процедурата за обезбедување агреман е почната и се чека одговор од САД.
Македонија нема амбасадор во Вашингтон повеќе од три години, откако измина мандатот на последниот амбасадор Васко Наумовски.
фото: Архива
