Во Владикавказ, на југот на Русија, утрово се случи силна експлозија, во која беше уништен цел трговски центар.
Локалната служба за спасување трага по повредени. Портпаролот соопшти дека несреќата, најверојатно, била предизвикана од експлозија на некои боци со кислород што биле во подрумот на објектот.
Експлозијата се случила во 7.24 часот по локално време, што значи дека трговскиот центар сè уште не бил отворен за посетители. Не е познато дали имало вработени во моментот на несреќата.
Истражителите со помош на сонда се обидат да утврдат дали причината за експлозијата е кривично дело, како тероризам.
фото: Alton Telegraph