Нерегистрирано Порше денеска е одземено од страна на полицијата во Тетово. Станува збор за Порше во сопственост на 31 годишен жител на Џепчиште.
– Сопственик на возилото е 31-годишен жител на Џепчиште и не било регистрирано 15 месеци. Возилото е одземено денеска околу 15 часот на автопатот Тетово-Скопје од страна на полицајците од полициската станица за безбедност во патниот сообраќај кои вршеле контрола на делницата, информира Марјан Јосифоски, портпарол на СВР Тетово.
фото: Архива