Интензивно работиме на посоодветно планско и стратешко подобрување на условите за развој на туризмот во Охрид. Изготвена е нова Стратегија за развој на туризмот која ќе даде нови насоки за напредок во оваа сфера за периодот од 2020 до 2025 година.
Стратегијата е изработена од страна на стручни научни работници од Факултетот за туризам и угостителство од Охрид и истата се заснова на темелни анализи на постоечката состојба и ја дефинира долгорочната визија, стратешкиот правец, целите и приоритетните проекти за идниот развој на туризмот, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.
фото: ФБ Константин Георгиески