Свет

Судот во Холандија денеска наложи владата веднаш да го укине ноќниот полициски час

Судот во Холандија денеска наложи владата веднаш да го укине ноќниот полициски час воведен за ограничување на ширењето на коронавирусот во земјата, со образложение дека не постои соодветна правна основа за тоа. Полицискиот час, прв во Холандија по Втората светска војна, предизвика немири и бројни демонстрации кога беше воведен на 23 јануари.

„Полицискиот час се заснова на законот за вонредни ситуации, кога нема време за дебата во парламентот“, соопшти судот.

„Немаше таква итна потреба во овој случај. Далекусежните мерки како оваа мора да се засноваат на соодветни закони“, се додава во образложението.

фото: DW

 

На почеток