Македонија

АРМ нема поврзаност со 27 април, тврдат оттаму

Генерал штабот на АРМ испрати соопштение во кое се тврди дека информациите и толкувањата од страна на одредени лица дека армијата имала било каква поврзаност со настаните од 27 април се груби невистини.

Во соопштението се вели: Во врска со зачестените објави во одредени електронски медиуми, како и разни произволни толкувања од страна на лица кои гостуваат во дебатни емисии на националните телевизии, во кои се наведуваат инсинуации со кои упорно сака да се прикаже инволвираност во организирана форма, на Армијата на Република Македонија во случувањата на 27 април 2017 година, најенергично ги демантираме ваквите тврдења со напомена дека се работи за груби дезинформации кои се пласираат во јавноста, се вели меѓудругото во соопштението.

На последните неколку рочишта за случувањата за 27 април, дел од обвинетите тврдеа дека претседателот Иванов планирал да прогласи воена состојба. Вакви тврдења и денеска изнесе Александар Василевски-Нинџа, кој вели дека екс началникот на петтата управа Горан Грујевски, кој веќе неколку месеци е во бегство, му рекол дека според информациите на военото разузнавање Иванов требал да прогласи воена состојба, но се откажал по притисокот од меѓународната зедница.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток