Во тешка сообраќајна несреќа животот го загуби 18-годишниот Иван Пенов, член на КК Кожув.
Според извештајот на полицијата, несреќата се случила на патниот правец Стар Дојран-Нов Дојран, каде патничкото возило „Опел Мерива“ со гевгелиски регистарски ознаки, управувано од 20-годишниот И.М. од Гевгелија, излетало од коловозот. Во незгодата загинал Пенов, а со тешки повреди доживеале сопатниците И.М. и В.С.
фото: Социјални мрежи