Свет

(ВИДЕО) После работниот ден, Путин и Лукашенко заминаа на скијање

Претседателите на Русија и Белорусија, Владимир Путин и Александар Лукашенко, после преговорите во Сочи отишле на скијање во Краснаја Полјана. Лукашенко пред неколку дена дошол во Русија на разговори со рускиот лидер.

„Не поминува ден без колегите да разговараат и да решат одредени проблеми“, рече Путин на состанокот во Сочи.

Двајцата претседатели потоа отидоа на скијање.

Лидерите на Русија и Белорусија често го поминуваат времето на овој начин – двајцата заедно беа на скијање и во 2019-та година кога им се придружи и синот на белорускиот претседател, Николај Лукашенко.

фото: Живая Кубань

 

На почеток