Македонија

Алијанса и Алтернатива: Поднесовме интерпелација за Спасовски, ова со Мијалков е театар

Коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива поднеле барање за гласање доверба за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски. Причина за овој потег се бегството и појавувањето на поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков.  Првите луѓе на Коалицијата, Зијадин Села и Африм Гаши, исто така, најавија дека ќе го поддржат и предлогот за интерпелација на Владата и за создавање ново парламентарно мнозинство.

„Ова е театар. Мијалков го нема два дена дома, а во неделата неговите жена и деца не знаат каде е нивниот татко, односно не знаат дека е во изолација и е болен. Знаете што е најскандалозно? Сашо Мијалков повторно е дома. Тоа е доказ за договор меѓу Мијалков и Заев. Тоа е доказ дека сите актери кои правеа сценарија за 27 април сега се заедно со владата“, вели Села.

Гаши повтори дека ги повикуваат земјите членки на ЕУ да донесат тим судии и обвинители кои повторно ќе ги отворат сите монтирани политички процеси од „Монструм“, „Алфа“, па се до „27 април“, но и според него, монтирани судски случаи од осамостојувањето до сега, за како што вели, сите корумпирани политичари да одговараат оти само така ќе има правна држава. Според коалицијата, ние имаме судии и обвинители кои се прилагодуваат на партиите кои се на власт.

фото: META

На почеток