Свет

(Видео) Бебе цврсто спие во водењакот, додека докторите чекаат да се разбуди

Раѓање на тројка се случува навистина ретко, а уште поретко е да се родат во водењак, односно во амниотска кеса. Можеби веќе сте имале прилика да видите снимка во која бебето родено во водењак прв пат земало воздух и како лекарите ја отстрануваат амниотската кеса од него, но ова видео е сосема поинакво.

За време на пораѓај на тројка, д-р Родриго да Роса Филхо, доживеал вистинско изненадување. Две од три бебиња биле во водењакот, но лекарите наместо веднаш да ја отворат амниотската кеса, одлучиле да почекаат бебето прво да се разбуди. Третото бебе, малата Адели се вртела и спиела во својата кеса, цели седум минути, пред лекарите да ја извадат.

Гледајќи го ова видео, можете да го доживеете животот на бебето во стомакот.

“Вчера на свет дојдое тројка! Јоаким е роден во водењакот. Бевме воодушевени. Но, потоа дојде таа… Исто така е родена во водењакот и нѐ остави да ѝ се восхитуваме додека цврсто спиеше. Така поминавме седум минути, гледајќи го нејзиното однесување како уште да е во стомак. Тоа е магијата на животот”, напишале лекарите под видеото.

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток