Маж и жена кои што летувале на руското црноморско приморје едвај извлекле жива глава кога нивниот падобран налета на електрични кабли.
„Парасејлингот“ е популарен во многу туристички места, па мажот и жената одлучиле да се забавуваат во Џубга, меѓутоа поради силниот ветер, за малку забавата ќе завршела фатално за нив.
Ветерот го однел падобранот директно во електричните кабли, откако, како што откриваат истражителите, возачот на глисерот кој го влече падобранот премногу се доближил до брегот.
Кога падобранот тргна да се враќа назад кон морето следуваше вистински хорор за мажот и жената. Само што падобранот ги допре електричните кабли, се слушна струен удар, еден од каблите се скина, а мажот и жената неконтролирано започнаа да се вртат во воздух.
Сето тоа се случуваше пред шокираните туристи, а на снимката може да се слушнат и нивните вресоци. Падобранот потоа се спушти на песокот, па останатите туристи веднаш истрчаа за да пружат помош.