Познатиот хирург, 58-годишниот доктор Ѓорѓи Јота вчера вечерта бил прегазен на крстосницата од булевар „Мајка Тереза“ и улицата „Елисие Поповски Марко“ и со тешки телесни повреди бил пренесен во комплексот клиники Мајка Тереза, дознава „Слободен печат“.
МВР за го потврди случајот:
„На 25.02.2021 во 20:30 часот било пријавено дека на крстосницата од бул еваерот „Мајка Тереза“ и улица „Елисие Поповски-Марко“ патничко моторно возило „БМВ Х6“ со скопски регистарски ознаки управувано од 16- годишник удрило во Ѓ.Ј.(58) од Скопје. Во незгодата со тешки телесни повреди се задобил пешакот констатирани во Комплексот клиники „Мајка Тереза“. Извршен бил увид на местото на настанот од увидна екипа од СВР Скопје – се наведува во одговорот од МВР.
Како што информираат дел од медиумите, докторот е во коматозна состојба.
фото: Архива