Актуелно

Зградата на општина Охрид, синоќа блесна во боите на ретките болести

Зградата на општина Охрид, синоќа блесна во боите на ретките болести.
Даваме силна поддршка за кампањата „Ги запознаваме ретките болести 2021“ и активностите на здружението “Живот со предизвици”. Лицата со ретки болести и нивните семејства ја заслужуваат нашата подадена рака за помош и соработка.
Само заедно можеме да ја подигнеме јавната свест за поголема инклузија и подобри услови за овие лица во нашето општество, напиша на својот ФБ профил градоначалникот на Општина Охрид, Константин Георгиески.

фото: ФБ Константин Георгиески

На почеток