Фолк-пејачот Благоја Грујовски го победи коронавирусот , но раскажува дека воопшто не било лесно да с еизбори со КОВИД 19.
Тој два дена минал во болница и сега вели дека се чувствува добро и дека следи период на зајакнување.
„Бев донесен во болница во многу тешка состојба. Додека мајка ми на 82 години мина речиси без никакви симптом, јас ја поминав најголемата голгота во животот. Но, сега сум дома и се чувствувам многу подобро“, изјавил Грујовски за svet-australia.
Пејачот вели дека на почетокот не го сватил вирусот сериозно и покрај сите предупредувања.
„Јас како и повеќето здрави луѓе, бев убеден дека вирусот не ми може ништо, што е голема заблуда. Ја научив лекцијата на потешкиот начин“, вели Грујовски .
фото: youtube