Македонија

Детали: Пратеник од Алијанса за Албанците направил драма, па и скандал на граничен премин- фрлал со документи за да не чека ред

Пратеникот Абдула Салиу од Алијанса на Албанците, вчера на враќање од Косово направил скандал на граничниот премин Блаце за да помине преку ред оти имало долга колона возила. „А1он“ дознава дека пратеникот прво го испратил синот да го однесе неговиот дипломатски пасош на полицијата, за да ги пуштат побрзо, а потоа возејќи по тротоар за да ги престигне автомобилите кои чекале пред него, дошол до кабините на полицајците, им ги фрлил документите и се развикал. Им викал дека никаде во Европа не чекал ред па нема ни тука.

Пратеникот Салиу за „А1он“ потврди дека побарал да помине побрзо оти имал дипломатски пасош, но тврди дека полицијата и царината биле дрски и неедуцирани.

“Видете, јас се враќав од Косово и на граница, иако не го употребувам многу дипломатскиот пасош, имаше долги колони, па бидејќи ми следува го искористив. На одење не го употребив, немаше многу гужва и чекав 15-20 минути. За влез имаше многу и отидов преку ред. Тоа што сте слушнале/виделе тоа се случи. За жал, тие луѓе кои се таму, сигурно се партиски. Видоа дека сме од друга партија и можам да ви докажам дека службеникот кој се претстави како шеф на смена се јави на друг, велејќи “Го имаме еден од другата партија, вака и вака, дошол да помине”. Во таа колона немаше луѓе, во таа лента. Не ми кажаа дека треба да се вратам во колоната туку ми ги врати документите. Ми рече дека шефот треба за тоа.. А зошто шефот? Ако треба на шефот, одете и кажете му, па ако ме пушти – добро, ако не… Потоа тој пак ги зема документите отиде кај шефот, ги однесе и тој дојде, се претстави и дрско се однесуваше. А јас – не. Јас не сум тип на човек кој сум дрзок. Се претстави. Буквално ќе ви кажам дека на граница не се едуцирани. Треба да се едуцираат тие луѓе. Тоа е мое мислење”, вели пратеникот Салиу за “А1он”.

Текстот во целост на:  „А1он“

На почеток