Министерот за одбрана на Бугарија, Красимир Каракачанов за Bulgaria ON AIR, истакна дека Бугарија нема да го смени ставот за Скопје по изборите.
„Без оглед на политичката конфигурација во Бугарија по изборите, дали во владата ќе доминира ГЕРБ или БСП, дали ВМРО ќе учествува во владата или не, убеден сум дека нема да има бугарска партија што ќе ги предаде бугарските национални интереси“, вели Каракачанов.
Тој додава дека глупост е што Скопје смета дека со трикови, со надворешен притисок врз Бугарија, можат да продолжат да ја водат оваа антибугарска политика. Според Каракачанов, Скопје не може да не „надмудри“, затоа што „тие тропаат на вратата на ЕУ, а ние треба да ја отвориме“.
„Никако не можат да нè излажат. Тие можат да имитираат активност за уште 20 години, или можеме да седнеме и да ги решиме овие контроверзни прашања во рок од половина година или една или две години“, рече заменик-премиерот за телевизијата.
фото: Архива