Македонија

Граѓаните не почитуваат, инспекторите затвораат – уште еден угостителски објект затворен

На 09.03.2021 во 21.50 часот, полициски службеници од СВР Куманово извршиле контрола во угостителски објект во с.Виштица, општина Липково, сопственост на Р.И.(31) од село Виштица, при што било констатирано дека објектот работел, односно не се придржувал до пропишаното работно време и во него биле затекнати 18 лица-гости и сопственикот. По целосно документирање на случајот ќе биде поднесена пријава по член 206 од Кривичниот законик – „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“.
Објектот бил затворен од Државниот пазарен инспекторат.

фото: Архива

На почеток