Актуелно

ВМРО-НП реагира на мафтањето со карти на „Голема Бугарија“ во која се искажани територијални претензии кон Северна Македонија

ВМРО-Народна партија најостро реагира на мафтањето со карти на „Голема Бугарија“ во која се искажани територијални претензии кон Северна Македонија. Сметаме дека покажувањто на вакви карти за жал директно ги поништуваат сите договори потпишани помеѓу двете држави за добрососедство, се вели во соопштението од ВМРО НП.

Во продолжение на истото од партијата допдаваат:

Во таа насока, жалиме што се потврдува дека некои политички партии кај нашиот источен сосед веќе неколку месеци на груб начин го инструментализираат македонското прашање во строго партиско-изборни цели кои пак за жал овие политичари не гледаат дека со ваквите постапки нанесуваат трајни последици помеѓу двете држави и емоцијата на двата народи.

фото: Архива

На почеток