Македонија

Филипче за набавката на кинеските вакцини: Какви провизии, кога се вратила уплатата, тоа е доказ дека обвинувањата не се точни

Министерот за здравство, Венко Филипче, во вечерашната Топ Тема, ги отфрли обвинувањата на опозицијата за незаконско и сомнително набавување на кинеските вакцини против корона вирусот.

“Какви провизии, кога се вратила уплатата, тоа е доказ дека обвинувањата не се точни” – изјави Филипче.

За вакцините од „АстраЗенека” министерот вели дека здравствените власти будно ги следат забелешките на другите земји за вакцината.

– Внимателно ги следиме забелешките од другите земји. Будно следиме, препораките од самите производители и одлуките во одредени земји. Врз основа на тоа ги градиме нашите препораки, рече Филипче.

Меѓу останатите тему министерот беше запрашан и за скандалот со родилката од Дебар  на која и беа извадени три органи. Министерот при тоа не ја негираше можноста за разрешување на директорот на струшката болница, Мухамед Асани.

“Оставам само уште малку време, заради тоа што, заради сите други обврски, не направивме детален увид, но следната недела ќе излеземе со став” , изјави Филипче во вечерашната Топ Тема.

Извор: Телма

 

На почеток