Македонија

УБК е главно жариште на генерирање на сите кризи, тврди Иванов кој се пожали дека добива закани

Во изминатите неколку години јавно предупредував на опасностите кои и се закануваат на Република Македонија. Со длабоко жалење констатирам дека тие беа игнорирани, а резултатот од тоа го чувствуваме сите, изјави претседателот Ѓорѓе Иванов на денешната прес-конференција.

„Во кабинетот на претседателот на Република Македонија не се разговарало за прогласување на воена или воеа состојба и ги отфрлам шпекулациите дека меѓународната заедница вршела притисок врз мене да остапам од некаков план за прогласување на некаква воена или вонредна состојба. Јавно ги повикувам странските претставници да ги посочат тие кои ми вршеле притисок.

Кому му одело во прилог да го злоупотреби кабинетот на претседателот за да објави воена состојба?

Година и пол јас како претседател и мојот кабинет сме мета на лажни вести со цел да не вмешаат во настаните од 27 април. Од тогаш без никакви докази се обвинува кабинетот на претседателот, се вршат притисоци и закани кон мене, со цел да отстапам од моите ставови во врска со политичките случувања во Република Македонија. По којзнае кој пат повторувам дека нема да отсапам од моите ставови.

Сведоци сме на лажните искази дадени во судскиот процес за настаните од 27 април. Сакам да укажам дека за давање лажен исказ кривично се одговара. Ги охрабрувам сите оние кои ме обвинуваат да се обратат до надлежните институции. Овие институции треба да одговорат каде биле одговорните лица на 27 април и претходно.

Сакам да потсетам дека во врска со настаните од 27 април кабинетот на претседателот ги достави сите извештаи до основното јавно обвинителство. Мојот кабинет ги демантираше лажните вести со кои се гради негативна перцепција за нас“, изјави претседателот.

Според него ништо од она што пишуваа дел медиумите не излезе дека е вистина.

„Обвинителката Рускоска јасно потврди дека Јавното обвинителство нема докази за вмешаност на кабинетот на престедателот во настаните од 27 април.

Би сакал јавно да прашам, дали исказите на обвинетите се порелевантни од ТВРДЕњата нанадлежните институции и носителите на јавни функции?

Како претседател на Македонија уште пред две години укажав дека УБК е главното жариште на генерирање на сите политички и безбедносни кризи. Ако УБК се дрзнува да ги следи активностите на мојот кабинет, и мене како претседател да ме става во службени белешки кој опишуваат непостоечки настани, се плашам од помислата што се се случува во оваа институција. со планиран истек на класифицирани податоци се гради лажна перцепција, за на крај да се конструира судско полициски случаи. Констатирам дека ова не е ништо друго освен хајка и линч кон мене и мојот кабинет“, вели Иванов.

 

Кликни за да коментираш

You must be logged in to post a comment Login

Leave a Reply

На почеток