Сообраќајот на државните патишта се одвива без забрани, по претежно суви коловози.
„Денес во период од 07:00 до 17:00 часот на магистралниот пат Скопје – Приштина, поточно од косовскиот граничен премин „Хани-Елези“ до Качаник, сообраќајот ќе биде во прекин во двата правци, за влез и излез од Косово, поради изведување на градежни работи.
Ги предупредуваме возачите да пристапуваат внимателно и со намалена брзина кон местата на кои се изведуваат работи на пат и да се придржуваат кон упатствата од новопоставената вертикална сигнализација“, велат од АМСМ.