Македонија

А1он: Построги мерки и повеќе рестрикции, Владата одлучува во 13 часот

Главниот координативен кризен штаб донел одлука за заострување на мерките со цел спречување на ширењето на коронавирусот, дознава „А1он“.  Предвидено е зголемување на траењето на полицискиот час, кој наместо од 22 часот, ќе треба да започнува од 20 часот.

Дополнително, се разговарало и за затворање или ограничување на работата на угостителските објекти. Засега нема потврда од Кризиниот штаб за овие одлуки, но Владата веќе закажа седница.
Владиниот портарол, Душко Арсовски потврдува само дека од 13 часот е зажана седница, а неофицијално, во 14 часот ќе се одржи и прес-конференција.

Текстот во целост на: „А1он“.

На почеток