Актуелно

Костадинова: Мицевски нападна пратеничка, тој е дел од насилничката матрица на ВМРО-ДПМНЕ

ВМРО-ДПМНЕ не може да ја напушти режимската, насилничка матрица.  Вчера во Собранието сведочевме на насилство, на физичко и вербално вознемирување врз колешка на нејзиното работно место. Јавно пред целата јавност, координаторот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицевски безобразно го повреди интимниот простор на пратеничката Даниела Марковска, истакна Марија Костадинова, пратеничка  на СДСМ.

Костадинова додаде:

Мицевски се дрзна да замолчи пратеничка, да ја загрози нејзината слобода на говор во собраниската сала, во она што е храм на демократијата.

Со своето однесување Мицевски потврди дека е дел од режимската насилничка матрица на ВМРО-ДПМНЕ. Тоа е таа матрица која насилно исфрли новинари и пратеници од пленарната сала на црниот понеделник во 2012 година, истата матрица која стоеше зад насилниот упад на 27 април.

Не е прв пат ВМРО-ДПМНЕ да напаѓа, вознемирува и навредува жени, не е прв пат оваа партија да ограничува слобода на говор.

Насилството, шовинизмот, автократијата со години се обележја на оваа деструктивна и ненародна партија предводена од Христијан Мицкоски.

Затоа се таму каде што се, во опозиција, препознаени од граѓаните како деструктивен елемент кој дејствува на штета на интересите на граѓаните и државата.

Граѓаните го ценат ваквиот однос на ВМРО-ДПМНЕ и соодветно реагираат.

Токму заради таквиот однос шест пати се казнувани на избори и ќе продолжат да бидат казнувани од граѓаните.

ВМРО-ДПМНЕ предводена од губитникот Мицкоски, уште долго ќе биде опозиција.

видео: СДСМ

На почеток