Македонија

Рашковски доби домашен притвор

Ексгенералниот секретар на Владата, Драги Рашковски, доби домашен притвор, кој му е изречен од Кривичниот суд. Судијата кој одлучуваше, го одби предлогот на Обвинителството за изрекување на ефективен притвор. Причините на обвинителот се дека Рашковски може да се даде во бегство, но и да се крие и влијае врз сведоци, но судот смета дека нема докази за тоа. Мерка му е изречена и на Даниел Станчев, сопственик на компанијата „Инвока груп“, од која е набавен спорниот софтвер, за кој сега се води истрага. За него исто така е изречен домашен притвор. Двајцата се сомничат за кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување, објави А1ОН.

„По произнесување на јавниот обвинител во однос на предлогот со кој бара определување мерка притвор заради постоење на основите од член 165 ст.1.т.1 и 2 односно (т.1) опасност од бегство со оглед да осомничените се имотни и (т.2)влијание на сведоци и попречување на истрагата, како што е наведено во предлогот, како и произнесување на осомничените во присуство на нивните бранители, судија на претходна постапка донесе решенија со кои на осомничените им определи мерка куќен притвор како и мерка Забрана за комуникација со другите осомничени и Забрана за користење на средства за комуникација“, велат од Кривичен суд.

Според судот, обвинителот не ги поткрепил основите заради кои бара притвор, односно немал докази дека осомничените се имотни и дека ќе влијаат врз лица во истражната постапка.

Од Обвинителството се сомневаат дека Рашковски ја договорил набавката на софтверот и дал насоки за изготвување на техничка спецификација за јавната набавка. Четвртоосомничениот во случајот, ги пренесувал информациите до учесниците во јавната набавка.

 

Текстот во целост на:  А1ОН.

На почеток