Вилијам Ејмс од Либералната партија на Канада, се појави гол на интернет-седница на Долниот дом на парламентот. Политичарот стои зад бирото, меѓу знамето на покраината Квебек и националното знаме на Канада и си го крие половот орган со мобилен телефон.
Ејмс го претставува Округот Понтијак во Квебек во Долниот дом од 2015 година.
„Тоа беше несреќна грешка. Мојата видеокамера случајно се вклучи додека се преслекував, откако се вратив од трчање. Искрено им се извинувам на моите колеги од Долниот дом за ова ненамерно одвлекување внимание. Очигледно е дека таква грешка не треба да се случи“, стои во изјавата на Ејмс.