Коментари

Го приведоа со к***т во раце, јасна беше одлуката на судот, вели Маневски за Рашковски

Друго и не се очекуваше. По начинот како го приведоа во судот 5 специјалци во цивилки, онака лежерно со рацете во џебовите, без почитување на процедурата и без лисици, што би рекол народот (со к… во рацете), јасно беше каква ќе биде одлуката на судот. Па уште кога се дозна дека судија на предходната постапка е ВЕСНА ДИМИШКОВА, немаше никаква дилема. За Рашковски нема притвор, напиша на својот ФБ профил поранешниот министер за правда Михајло Маневски.

Маневски во објавата додава:

Како може да се очекува ВЕСНА ДИМИШКОВА да одреди притвор, кога самата требаше да биде во него, амнестирана за случајот “РЕКЕТ”, и таа и нејзиниот брат, кој барал 6 милиони рекет.
“Адвокатот” на РАШКОВСКИ ЗОРАН ЗАЕВ, со сите сили со денови запнал од петни жили да го брани својот клиент.
Дали Зоран Заев го брани клиентот или се брани себе си???

Рашковски многу знае, а од тоа што го знае, на “адвокатот” ЗОРАН ЗАЕВ му се тресат панталоните.
Зошто куќен притвор? Обвинителот не поднел докази за имотната состојба на обвинетите!? Рашковски сиромав човек, како притвор за таков осумничен? Леле мајко, каква причина? Сиромав човек, слави роден ден на сопругата и престојува 20 дена во МЕКСИКО!!!

НЕЗНАМ, НЕ Е ОБЈАВЕНО РЕШЕНИЕТО, ДАЛИ РАШКОВСКИ ВО КУЌЕН ПРИТВОР МОЖЕ ДА НОСИ СОМБРЕРО.
ТОА Е МНОГУ, МНОГУ ВАЖНО….

извор: ФБ Михајло Маневски

На почеток