Македонија

Џафери за утре закажа седница и тоа 32-рата, а по неа продолжение на 36-тата

Претседателот на Собранието, Талат Џафери за утре (недела) закажа седница, и тоа 32-рата. Потоа по неа ќе продолжи 36-тата седница.

Седницата е предвидена да почне во 14 часот.

„Ве информираме дека утре на 18.4.2021 година, во 14.00 часот, претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, г. Талат Џафери закажа продолжение на 32-ра седница, a по завршување на 32-ра седница ќе продолжи со 36-та седница.“, се вели во соопштението од Собранието.

Во четвртокот вечерта пратениците на ВМРО-ДПМНЕ се противеа на одлуката да продолжи 32-рата седница, и бараа од Џафери да ја закаже прво 36-тата седница, за да се донесе 5. сет мерки.

фото: Архива

На почеток