Верче не умре, таа ќе живее вечно, нејзиното срце продолжува да чука, ќе бидат спасени многу луѓе благодарение на големината на нејзиното семејство – со растреперен глас за ,,Фокус” раскажува Ѕвонко Пекевски, градоначалник на Општина Берово, од каде потекнува 20-годишната девојка чие срце од рано утринава чука во градите на 27-годишно момче.
Тој вели дека целата општина е горда на родителите на Верче кои во најголема болка, се одлучиле да ги донираат нејзините органи. Раскажува дека емоциите се помешани, огромна болка, а истовремено и гордост за чинот, со кој донирањето на органи во земјава станува реална шанса за спас на нови животи.
За многу скромна фамилија се работи, по потекло од село Русиново. Верче со сестра и и мајка и живееше во Струмица, каде што се случи и фаталната сообраќајна несреќа, додека пак брат и и татко и се овде. Во фамилијата имаа убав настан, првороденото бебе во општината во 2021 година беше на нејзиниот брат. Добија момче, тоа беше нивната прва рожба, тогаш имав можност да ги запознаам луѓето, и општината им даде финансиска поддршка. Се видовме за убаво тогаш, ова што сега се случи е голема трагедија која сите не ефектираше – раскажува градоначалникот.
Текстот во целост на: ,,Фокус”