Македонија

Уште еден доктор ја загуби битката со коронавирусот

Починатиот 53-годишен лекар Сенат Грбовиќ од јануари годинава работел во приватната лабораторија „Биотек“. Тој денес почина како последица од Ковид– 19. Директорот на Здравствен дом Скопје, Виктор Исјановски, вели дека Грбовиќ си заминал од кај нив поради подобри услови.

„Грбовиќ беше исклучителен лекар. Постојано напредуваше. Кај нас беше вработен до јануари годинава. Побара да си оди оти му дале поголема плати и подобри услови. Тој е еден од ретките кој врати пари од специјализацијата. Специјализираше биохемија и минатата година, побара од Итна помош да го префрлиме во лабораторија. Без двоумење му го исполнивме барањето оти беше навистина добар лекар. Стана раководител на биохемија во Јане Сандански. Околу шест месеци остана таму и во јануари не извести дека сака да си оди. ’Биотек’ ни го украде, му даде поголема плата“, вели Исјановски за „А1он“.

Во Итната помош во Скопје останала да работи сопругата на починатиот лекар.

Колегите на Грбовиќ денес на социјалните мрежи се збогуваат од него, а веста дека вирусот Ковид – 19 однел уште еден лекар ја објави Асоцијацијата на специјализанти и млади лекари.

извор: „А1он“.

На почеток