Пратеникот и лидер на Демократскиот сојуз, Павле Трајанов на денешното вакцинирање во арената „Борис Трајковски“ реагираше дека пратениците се целосно дискриминирани бидејќи немале право на избор, што важи за останатите граѓани и дополни дека тој и неговите колеги морале да се вакцинираат само со руската вакцина Спутник В.
– Не може од Фејсбук да се гради политика. Ако некој напише дека пратениците се привилегирани и ќе се вакцинираат со „Фајзер“ и сега менува министерот на Спутник. Тоа е крајно катастрофална и неодговорна ситуација. Едно беше најавата, сосема друго излезе во пракса.Сите се практично вознемирени бидејќи испадна класична замена, да не кажам превара, напиша Трајанов на својот ФБ профил.
извор: ФБ Павле Трајанов