Актуелно

Георгиески за 70 годишнината од основањето на Државниот архив: Оваа институција е вистински чувар на нашата историја и култура

По повод 70 годишнината од основањето на Државниот архив на Република Северна Македонија, остварив средба со директорот на архивот д-р Емил Крстески и раководителот на подрачното одделение во Охрид, д-р Никола Митровиќ, напиша на својот Фб профил градоначалникот на Охрид, Константин Георгиески.


Градоначалникот во објавата додава:

Заедно потенциравме дека оваа значајна државна институција е вистински чувар на нашата историја и култура. Архивот поседува илјадници оригинални документи, писма, фотографии и други материјали од познати историски личности, општествени дејци, како и документи од најзначајните политичко-историски процеси, настани и личности кои со своето дејствување и работа оставиле трага во минатото.

Разговаравме и за можностите за продлабочување на соработката со Локалната самоуправа како и за можнoстите за креирање и имплеметирање на заеднички проекти кои би биле од големо значење за нашиот Охрид, како еден од најважните културно историски центри во нашата држава.

фото: ФБ Константин Георгиески

На почеток