Академскиот професор Томе Наумов од Битола по 39 години професорски стаж е отпуштен од работа во Високата медицинска школа во Битола. Тој се пожали дека незаконски и без негово знаење Школата го одјавила во Агенцијата за вработување откако наполнил 64 години, иако потпишал изјава дека ќе продолжи со предавање до законскиот максимум, односно до 67 години, објави САКАМДАКАЖАМ.МК.
„Се затекнав во една непристојна ситуација во текот на вчерашниот ден, при држење испит пред студентите ми беше соопштено дека сум одјавен во Агенцијата за вработување. Бев вчудоневиден. Надвор од Законот за високо образование сум одјавен во Агенцијата иако исполнувам 64 години. Правото на професорот е со изјава да продолжи до 67 години. Ќе поднесам кривична пријава против директорката, од нејзиното доаѓање институцијата постојано е на суд“, рече проф. Наумов.
Директорката на Високата медицинска школа Домника Рајчановска вели дека сите одлуки што ги донела во врска со професорот Наумов се засноваат врз почитување на одредбите од Законот за работни односи и Законот за високото образование.
Текстот во целост на: САКАМДАКАЖАМ.МК.
фото: САКАМДАКАЖАМ.МК.