Пратениците не ја изгласаа интерпелацијата за министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски поднесена од партиите Алијанса за Албанците и Алтернатива. Против интерпелацијата гласаа 60 пратеници, за гласаа 10, а немаше воздржани.
Спасовски во врска со интерпелацијата рече дека таа претставува реален приказ на изместениот систем на вредности на опозицијата.
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ претходно ја напушти седница и најави интерпелација за спикерот Талат Џафери.
фото: Архива