Македонија

„Призма“: Уште еден владин хонорарец во случајот „Рашковски“

И четвртиот осомничен во случајот со набавка на софтверот за сообраќајни прекршоци бил хонорарно ангажиран од Генералниот секретаријат на Владата, открива  „Призма“ (БИРН)

Претходно, „360 степени“ објави дека џипот што го вози eксгенсекот Драги Рашковски е на име на еден од „тајните хонорарци“ во Владата, кој е осомничен во аферата.

Со тоа се исцртува кругот на засега четворица што ги осомничи обвинителството – Рашковски, сопственикот на „Инвока груп“, Даниел Станчев и две лица кои истовремено биле хонорарно ангажирани од Генералниот секретаријат додека на негово чело бил Рашковски, посочува БИРН.

На двајцата хонорарци ангажманот им почнал во време додека на чело на Секретаријатот бил Драги Рашковски.

Позицијата координатор за дигитализација на ниво на РСМ не беше меѓу фактурите што БИРН ги доби од Владата откако со жалба успеа да ги добие насловите на ангажманите, но не и имињата на ангажираните. Оваа фактура, и уште една за графички дизајн, не биле доставени до БИРН затоа што, како што посочиле од Владата, не биле исплатени во декември.

Зад тој ангажман се крие професор, чиј идентитет, поради заштита на претпоставката на невиност, БИРН не го открива. Станува збор за универзитетски професор од ФИНКИ, кој трипати бил ангажиран од Генералниот секретаријат додека со него менаџираше Драги Рашковски. Првиот пат во 2019 година.

Целото истражување прочитајте го тука.

На почеток